Франција ќе ја затвори својата амбасада во Нигер на „неодредено“ откако односите меѓу африканската земја и поранешната колонијална сила Франција драматично се влошија кога војската го собори профранцускиот претседател Мохамед Базум со државен удар на 26 јули 2023 година.

„По нападот на нашата амбасада на 30 јули и поставувањето на блокада околу нашата зграда од страна на силите на Нигер, најголемиот дел од нашиот дипломатски персонал замина на крајот на септември“, изјавија дипломатски извори во четвртокот, 22 декември. Како резултат на тоа, Франција ќе ја затвори својата амбасада во Нигер, каде што антифранцуското расположение се зголеми по државниот удар на 23 јули.

„Француската амбасада во Нигер поради тоа повеќе не може да функционира нормално или да ги исполнува своите мисии. Имајќи ја предвид оваа ситуација, решивме да ја затвориме нашата амбасада. Локалните вработени се разрешени, додаваат од „Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција“.

Новата влада во Нигер ги прекрши сите договори со француската армија, го протера францускиот амбасадор и воспостави поблиски врски со Русија. Француските трупи во Нигер треба да го завршат своето повлекување овој месец.