Новогодишните декорации го креваат расположението и во најтемните и најстудените денови. А сијаличките на првата елка традиционално светнаа во Јакутск!
Во главниот град на Јакутија, на 1 декември на плоштадот „Орџоникиѕе“ се палат сијаличките на новогодишната елка и на тој начин се отвора фестивалот „Зимата започнува во Јакутија“, кој се одржува од 2011 година. Главните јунаци на оваа церемонија се Чуварот на зимата Чисхан и главниот руски Дедо Мраз кој за таа пригода специјално доаѓа од неговиот Велики Устјуг. Се разбира, елката е накитена со разноразни јакутски украси.
За главен руски новогодишен град за следната 2024 година е избран Суздаљ. Жителите и гостите на овој стар град можат секоја вечер да го гледаат светлосното шоу на ѕидовите на Рождественскиот храм, кое раскажува за историјата на Суздаљската земја.
Пешачката улица „Бауман“ е центарот на Казан. Сега е украсена со многу новогодишни елки и прекрасни фигури.
Ледените скулптури во Норилск, градот зад Северниот поларен круг, ги имаат сите шанси да ги радуваат жителите и гостите на градот до пролет.
Во центарот на Мурманск свети главната елка и отворен е големиот ногодишен панаѓур.
А вака изгледа новогодишниот Зеленоградск, одморалиште на брегот на Балтичкото море.
Сочи е еден од најтоплите градови во Русија, затоа елките стојат заедно со палмите.
Новогодишната елка на далекоисточниот Магадан.
Ханти Мансијск се стекна со статус на главен сибирски новогодишен град, затоа почнаа да го украсуваат уште од средината на септември. Главната елка е висока 33 метри!
А во стариот трговски град Рибинск (Јарославска област) по улиците помина весела колона од јунаци од бајките предводена од Дедо Мраз.
Преземено од: https://mk.rbth.com/travel/90447-ruski-gradovi-vo-praznichno-ruvo