Во Нигер соборена про-колонијалната власт!

Во западно африканската независна држава, Република Нигер, деновие, од страна на армијата беше успешно отстранет од власт, профранцуски претседател Мохамед Базума.

Известувањето за превземање на власта во Нигер, беше прочитана од полковникот Амаду Абдраман, кој зборуваше во име на армијата и безбедносните сили. Вчера, моќта во државата ја презеде војската, која ги контролира клучните административни згради во главниот град на Нигер.

Засега полковникот Амаду Абдраман известува дека границите на земјата се затворени и воедно предупредува дека армијата ќе одговори на секоја странска интервенција.

Во моментов во земјава е прогласен полициски час, а активностите на сите државни институции се привремено прекинати.

САД и Обединетите нации повикаа на итно ослободување на претседателот на Нигер. А францускиот претседател, Емануел Макрон, очекувано го осуди превземањето на власта од страна на армијата на Нигер.

Нигер е де факто дел од остатоците од француската неоколонијална империја во северозападна Африка. Земјата е е дом на стратешки рудници за ураниум кои се клучни за француската нуклеарна програма. Се шпекулира дека, некои од водачите на воениот бунт имаат врски со воената власт во Мали, која зазема отворен проруски став.

При стабиизација на моменталната власт во Нигер, се очекува да биде и официјално побарано од француската војска да си замине од земјата.

Последно