Од Русија известува Дарко Тодоровски
Успешниот самит Русија – Африка кој што се одржа 27-28 јули во Санкт Петербург, е доказ дека не постои никаква изолација на Русија, и покрај сите обиди на Западот. Самитот заврши со големи геополитички но и медиумски успеси.
Претседатели на 17 држави, високи делегации на 54 африкански држави беа присутни во Санкт Петербург.
Склучени голем број на политички и економски договори, како и договори во воено-техничката сфера.
Да одиме по ред:
– Русија отпиша 23 милијарди долари долгови на државите од Африка (долгови направени од африканските држави кон СССР). Во 2019 година Русија, на самитот Русија – Африка во Сочи отпиша уште 20 милијарди долгови на Африка
– трговската размена во 2022 година изнесувала 18 милијарди долари, од почетокот на 2023 година истата е зголемена за 35%
– во следните три до четири месеци, бесплатно ќе се испорачува жито до Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република, Еритреја. Овие држави ќе добијат по 25-50 илјади тони жито. Обезбедена е и бесплатна достава на житото до Африка
– Русија склучи договори за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански држави, на кои им доставува широк спектар на оружје и опрема. Некои од овие набавки одат бесплатно со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на овие африкански држави
– Русија планира да ја отвори својата индустриска зона во областа на Суецкиот канал во Египет. Русија ќе испорачува стоки низ цела Африка и ќе даде повластени услови за заем за купување на производи и стоки од Русија. Користење на коридорот Север-Југ за транзит на африкански стоки до Персискиот Залив и Индискиот Океан. Со други зборови, да се формира заеднички трговски простор
– Договорени се големи инфраструкторни – економски проекти, како во времето на СССР. Во 2021 година Русија на Африка и дала кредити во висина од 2,2 милијарди долари
– Русија ќе им помогне на африканските партнери да го развијат образовниот сектор, да обучуваат наставници, ментори и технички персонал за училиштата и колеџите. Руските универзитети ќе отворат свои филијали ширум Африка
– создавање на единствен информативен простор
– Нови нуклеарни централи во Африка. После Египет, каде што веќе се гради нуклеарна централа. Бурунди, Зимбабве, Кенија и Руанда ќе станат потенцијални партнери на Руската Федерација во нуклеарната индустрија. Русија веќе има потпишано меѓувладин договор со Зимбабве за користење на атомска енергија за мирољубиви цели
– Росатом ќе соработува со Мароко на полето на прочистување и третман на вода – на форумот беше потпишан соодветниот меморандум. Се очекува документот да помогне во решавањето на проблемот со недостигот на вода за пиење во Мароко
– Русија и Африка ќе соработуваат и на полето на истражување на вселената. На тој начин Африка ќе добие слободен пристап до телекомуникациските услуги, телевизијата и комуникации. Јужна Африка со помош на Русија ќе испрати два свои астронаути во вселената