Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2014

Никогаш не можеме да ја повредиме Природата освен ако не делуваме против сопствената добробит
„Ти си, о душо, родена од едно посебно стебло. Ти си гранка од тоа стебло. Колку и да е гранката оддалечена од тоа стебло, сепак останува врската и складот меѓу стеблото и гранката. Но, ако нешто се постави меѓу стеблото и гранката, врската и храната се прекинуваат. Тогаш гранката мора да се исуши и да умре. Размисли за тоа, о душо, и во своето битие поверувај дека си предодредена да му се вратиш на твојот Создател. Тој е стеблото од кое растеш. Затоа отфрли ја сета нечистотија и целиот терет на материјалниот свет, за да исчезне се’ што те спречува да се вратиш во својот внатершен возвишен свет, кон своето стебло, кон своето потекло.“
Колку добра и колку проклето вистинито-импонирачка размисла на големиот мистик, астролог и алхемичар, Хермес Трисмегистос. Вистинска контемплација за оттргнатоста на човекот од природноста. повеќе…
2013
Боговите ги заслепуваат оние што сакаат да ги уништат
Охридското Езеро реши да ја искористи поволната за него временска прилика која што му се укажа претходните денови (се разбира неповолна за човекот затоа што тоа за него претставува само невреме и ништо повеќе), та самото си се справи со отпадот со кој полипот наречен несвесно човештво го преполна. Едноставно го исфрли тој отпад на крајбрежјето. Тој полип наречен модерен човек живее на оваа планета како да има некоја друга на која би можел веднаш да отиде доколку се појави некоја опасност по неговата егзистенција. Тој полип го третира Езерото на начин како да има некое друго исто такво езерце, или пак како да е способен да создаде некое друго. Она „ќе бидете како богови“ на Ерих Фром некој погрешно го сфатил. Некој кој не знае дека токму боговите ги заслепуваат оние кои сакаат да ги уништат и да го завземат нивното место! повеќе…
- Револуцијата испарува и го остава зад себе само шлајмот на новата бирократија. Синџирите на измаченото човештво се направени од црвена лента. Франц Кафка