Новиот аргентински претседател го преполови бројот на министерства и најавува болни мерки за штедење. Преземајќи ја должноста во неделата по минатомесечните избори, аргентинскиот претседател Хавиер Мајли го искористи своето инаугуративно обраќање за да ги подготви Аргентинците за тешкотиите, кои според него се неопходни за решавање на економските проблеми по децениска економска стагнација и криза.
Во една од првите акции на функцијата, Милеи на социјалните мрежи објави дека потпишал уредба за намалување на бројот на министерства за половина, од 18 на девет. Гости на инаугурацијата беа украинскиот претседател Володимир Зеленски, унгарскиот премиер Виктор Орбан, поранешниот лидер на бразилската десница Жаир Болсонаро, конзервативниот уругвајски лидер Луис Лакале Поу и чилеанскиот претседател Габриел Бориќ.
Третата по големина економија во Латинска Америка, која со децении се сопнува меѓу кризите, се бори со годишна инфлација од повеќе од 140 проценти и стапка на сиромаштија од 40 проценти. Земјата му должи 45 милијарди долари на Меѓународниот монетарен фонд. Милеи, кој е познат по своите цврсто десничарски слободарски ставови, вети серија радикални мерки за заживување на економијата, вклучително и намалување на трошоците за 5 проценти и замена на аргентинскиот пезос за американскиот долар.
Самопрогласениот анархо-капиталист, Милеи во неделата повтори дека државата ќе го преземе товарот да ги среди финансиите.