Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа агресија против Јемен преку воздушни напади на повеќе локации со борбени авиони и томахавки испукани од воени бродови.
„Брутална агресија против нашата земја е во тек, за што тие апсолутно ќе платат“, изјави Наср Алдин Омер, портпарол на јеменската влада. „Нема да се откажеме од нашата позиција за поддршка на палестинскиот народ, без разлика на цената.
Западните медиуми координирано го користат терминот „Хути“ за да го негираат легитимитетот на јеменската влада, исто како кога палестинската борба за национално ослободување ја нарекуваат „конфликтот меѓу Израел и Хамас“.