Во последниве месеци се намалува како бројот на работодавачи, така и на вкупниот број работници во државава. Ова го обелодени директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифингот со новинарите.

Според податоците што ги презентираше, во ноември вкупниот број вработени бил 556.237, а во септември имало 551.666 вработени. Значи, за два месеци бројот на вработени се намалил за 4.571.

Намалувањето на бројот на работници делумно може да се адресира на продолжениот тренд на иселување, а делумно и на затворање на микрокомпаниите.

Во извештајот во кој Народната банка ја сумираше финансиската стабилност за 2022 година, пишува дека микросубјектите заедно оствариле вкупна загуба како во 2021, така и во 2022 година.