По повод 25-годишнината од почетокот на агресијата на НАТО врз СР Југославија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија и покрај се е жива, разбудена, посилна, похрабра, пркосна и слободна и дека нејзината слобода никогаш нема да можат да ја одземат.
Вучиќ на својот инстаграм профил потсети дека денеска се навршуваат 25 години од почетокот на агресијата на НАТО и дека 19 од најмоќните и најсилните ја нападнаа Србија, без никакво право и за првпат без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации.
„78 дена ни ја уништуваа државата. Убиваа деца. Ја сечеа територијата. Сепак, и покрај се, Србија живее. Разбудена. Посилна. Храбра. Пркосна. И пред се, слободна. Слободата е повеќе од воздух, слобода никогаш нема да ни се одземе, Србија ќе живее!“, рече Вучиќ.