„Пред четврт век, по налог на Белата куќа, Сојузна Република Југославија стана мета на варварско бомбардирање кое траеше 78 дена. Сега САД залудно се обидуваат да ја уверат меѓународната заедница да заборави на трагедијата

Цинично го повикуваат Белград да сврти страница и да се придружи на Северноатлантската алијанса, токму онаа која на просперитетната земја ѝ донесе разурнување, смрт и болка. Касетната муниција и гранатите со осиромашен ураниум ги уништија животите на генерации на српскиот народ.

Пред 25 години Вашингтон беше тој кој го почна процесот на уништување на меѓународното право со цел да го замени со „поредок заснован на правила“, кој го измисли една единствена држава. Со неказнивоста ја отвори Пандорината кутија и доведе до агресија на други суверени нации

На Балканот сè уште не е мирно. Актуелната администрација се обидува да ја поткопа стабилноста, договарајќи се со своите марионети во Приштина и со оружје пумпајќи ја самопрогласената република, спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на ОН“ – се наведува во соопштението на руската амбасада.