Претседателскиот кандидат на Левица – Билјана Ванковска, вечерва ја продолжи својата предизборна кампања во Кавадарци и ја промовираше својата предизборна програма во Кавадарци, на народен митинг. Заедно со претседателот на Левица – Димитар Апасиев и носителот во ИЕ 4 – Саше Јанчев, се обратија пред Кавадарчани и испратија моќни пораки.
„Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат, „ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца“. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација. Сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци.
Јас ви ветувам дека 24 ќе го дочекам достоинствено, спокојно, мирно. Јас имам идеја, идеологија, меѓутоа битката ќе биде долга. А, дека ќе победиме, секако ќе победиме. Гледам дека „баукот“ на Левица се уште ги плаши луѓето иако интимно ја сакаат. Ние чекориме незапирливо. Црбвениот бран, цунамито, надоаѓа и нека му ја мислат. Ќе победиме”
Претседателот на Левица Димитар Апасиев се осврна на, како што рече, она што ни го продаваат како европски вредности. Кажа дека оваа Европа, ваква каква што е, нема никакви вредности. Истакна дека западните општества кои се декларираат како најдемократски, во моментов се општества на бездомници, општества со најголем број затвори и затвореници, општества со луѓе кои немаат здравствена заштита.
„Ова ли се тие општества кон кои ние стремиме? Ова ли се тие вредности? Само оној кој не гледа подалеку од носот, нема алтернатива”. Стои во соопштението на политичката партија Левица.