Кандидатот за претседател од Левица, професорката Билјана Ванковска, како и носителот на листата за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев, денес одражаа средба со граѓаните во Богданци и Гевгелија.

На средбата истите презентираа дел од програмата за изборите, ги повторија цврстите ставови претходно искажани за укинување на трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надоле, а тоа се Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Професорката кажа дека членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку истиот да биде само заради интереси на Република Македонија и на нашиот македонски народ.

Сашко Јанчев потсети дека овие избори немаме право на грешка, тие се судбоносни за нашиот народ и држава, дали ќе не биде или не. Не смееме 33 години да гласаме за истите партии, а истовремено да очекуваме напредок. Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ, ниту напредок е можен, ниту силна држава.

На крајот, професорката Ванковска и Јанчев положија цвеќе на Спомен плочата на протераните Евреи од Гевгелија за време на фашистичката окупација на Македонија, како и на Костурницата на паднатите борци од НОБ од Гевгелија. – Стои во соопштението на Левица.