Како што пренесува Блумберг, во случај на победа на претстојните избори во САД, Доналд Трамп подготвува „трговска војна против Европа“ (ЕУ).

Станува збор за контрамерки поради дигиталниот данок што некои членки на ЕУ го воведоа за американските технолошки гиганти како Google, Facebook и Amazon. Се споменува и „иритацијата“ на Трамп во врска со благата европска политика кон Кина.

На ЕУ веќе и беше зададен голем удар кога минатиот мандат Трамп воведе царини за европскиот челик и алуминиум, по што Џо Бајден нанесе дополнителна штета со програма за субвенционирање од 390 милијарди долари за поддршка на зелената технологија, која им нуди на компаниите поттик да ги префрлат инвестициите од Европа во САД.

Иако реториката на Бајден е поблага, европските претставници се свесни дека неговата економска политика кон ЕУ е многу слична со онаа на неговиот претходник. Од тие причини, Европската комисија врши сериозна проценка на влијанието на последиците од претстојните избори во САД и ја подготвува ЕУ за неколку сценарија.

Во исто време, високи европски претставници, вклучително и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, веќе прават големи патувања во Тексас и Вашингтон за да работат со републиканците.