До редакцијата на ДСП Ленка на емаил деновиве пристигна соопштение од страна на студентите на факултетот за општествени науки во Љубљана во однос на нивната окупација на факултетот со цел целосно прекинување на соработката на академските кругови во Словенија да ја прекинат секоја соработка со универзитетите во Израел. Во прилог Ви го пренесуваме целосното соопштение пратено до нас:
Почитувани,
од 8. мај, во Љубљана на факултетот за општествени науки (Fakulteta za družbene vede – Faculty of social sciences) е во тек окупација од страна на студентите и студентките од повеќе факултети во склоп на Универзитетот во Љубљана. Окупацијата на факултетот е со цел да ги натера академските кругови да ги прекинат сите соработки со факултетите во Израел со кои имаат директна или индиректна соработка. Окупацијата е сеуште во тек, веќе 4ти ден и имаме намера да ја продолжиме додека нашите барања не бидат испочитуванни.
Нашите барања се:
1) Јасно определување дека случувањата во Газа се геноцид. Бидејќи оценивме дека досегашниот одзив на Универзитетот во Љубљана е тотално инфантилен и наместо осудување на тие случувања со зборот геноцид се истите релативизирани и цензурирани. Затоа од Универзитетот бараме тие случувања да ги нарече јавно геноцид, кои вклучуваат побивање на многу студенти.
2) Прекинување на академските соработки со Израел и израелските компании. Податоците кои се јавно достапни на нивните социални мрежи, јасно покажуваат на склучените споразуми за академско соработување со четири универзитети во Израел и соработка при два проекта со израелските истражувачки институции, меѓу кои и институтот TECHION, кој соработува со најголемата израелска компанија за оружје Elbit Systems. За целосна подршка во бојот на палестинките и палестинците е нужно прекинување на соработките со израелските академски институции и компании кои во моменталните уредувања директно или индиректно соработуваат при геноцидот.
3) Студентски програм и фонд кој би припомогнал на палестинските студентки и студенти. Израел со својата ерадикција врз палестинските жители не придонесува т.е. не нуди нити основна јавна инфраструктура. Сведоци сме на уништување на болниците, училиштата, универзитетите, дури и на нападите на меѓународните хуманитарни бази. Просечната старост на жителите во Газа е 19 и пол години, што значи дека се на иста возраст како студентите кои се запишани во 1 година на универзитетите во Словенија и ширум светот. Затоа бараме од Универзитетот во Љубљана да не се оградува од правата до заштита и образование, туку да ја употреби својата моќ и инфлуенца во опшеството и сите останати средства кои и се достапни, да им овозможи барем најмалку достоинство кои го уживаме и ние.
Во понеделник, 13.5. најпрво заседува сенатот на Факултетот за општествени науки, каде очекуваме да не послушаат и да одговорат позитивно на нашите барања. Исто така во понеделник е закажана средба со ректорот на Универзитетот во Љубљана, кој универзитетот го разбира како компанија низ призма на неолиберализмот и настојува против нашата окупација. Засега окупацијата не е со насилни компоненти, нити од наша страна, нити од страна на ректоратот и надредените на универзитетот. Зависи од нивниот одговор, ќе имаме искристализирана слика, како и во кој правец ќе се развива самата окупација.
Овој маил ви го испраќаме бидејќи мислиме дека сме на иста страна за целиот проблем и се надеваме на јавна подршка од ваша страна. Мислиме дека е важно јавноста и посебно младите, да се запознаат со нашата окупација и можеби ќе ги охрабриме граѓаните и младите лица да го следат не само нашиот пример, туку и примерот на останатите наши колеги во светот и да сме сите заедно на правилната страна во историјата.