Утре, среде економска и енергетска криза, раст на трошоците за живот и сиромаштија во Обединетото Кралство, Чарлс III ќе биде крунисан за 40-ти британски монарх од 1066 година. На сликите подолу може да се види што некои Британци мислат за крунисувањето и новиот крал.
Имено, настанот се очекува да чини 250 милиони фунти, но 61% од Британците веруваат дека за тоа не треба да се трошат парите од заедничкиот буџет. Дополнително, само 32% од младите во земјата на возраст од 18-24 години ја поддржуваат монархијата.