Делницата Охрид-Свети Наум со децении не е рехабилитирана, иако претставува важен крак за туризмот, но и крак кој нѐ поврзува со соседна Република Албанија.

Препознавајќи ја важноста на оваа делница ЈПДП издвои средства и презеде активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км. Изведувачот на работите Илинден Струга, заедно со надзорот – Институт за патишта Велес, веќе работат и изведуваат градежни активности, ја чистат трасата, крпат и асфалтираат дупки, подготвуваат асфалтирање на делови на трасата и сл., Со ваква информација ЈПДП излезе во јавноста.

Фирмата која најмногу заостанува на автопатот Кичево-Охрид доби уште еден тендер. Од ЈПДП информираат дека вредноста на оваа инвестиција е 707,390,772,00 денари, а средства се обезбедени од буџетот на претпријатието.

Изведувачот е воведен во работа на 4 август 2023 година, меѓутоа одобрение за времена измена на режим на сообраќај за време на рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, делница: Охрид – Свети Наум, подделница Коњско – ГП Свети Наум, е добиено на 13 октомври 2023 година, со што изведувачот Илинден АД Струга може да започне со работењето. Рокот предвиден за изведување на градежните работи е март 2025 година. Тоа го велат од ЈПДП. Овој проект чини 9.75 милиони евра и во него не е предвидена реконструкција, туку рехабилитација и поправка на постоечкиот пат со чистење на гранки од дрвјата, отстранување на стар асвалт и нанесување на нов, без проширување на критичните точки и одложување на решавањето на старите горливи проблеми со кои се соочуваат корисниците на овој пат, односно отежнати и небезбедни услови и можности за рзминување.

И покрај тоа што една година од преземањето на обврските од страна на изведувачот, е веќе измината, власта ова го прикажува како нов проект.

Ја уверуваме јавноста дека политичката партија Левица од позиција на власт ќе ги преиспита сите сомнителни зделки на актуелната власт со кои граѓаните плаќаат огромни финансиски средства за евтини и неквалитетни услуги, а со цел лично богатење на фирми блиски до актуелните политички моќници. Оваа држава е сѐ што овој народ има и нема да дозволиме некој да ја разграбува. Резервна татковина немаме. Стои во соопштението на секторот Сообраќај при политичката партија Левица.