Во веќе познатото интервју на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Телевизијата Телма, несудениот претседател на државата одби да даде било каков одговор за тоа дали, после хаосот што го создаде како министер со кој над 600 000 граѓани се оставени без важечка документација.
Господине Спасовски, сметате ли дека по се што дебатиравме вечерва, имате оставивте зад себе во сиот овој хаос? Доволно кредит за партиските планови во било која варијанта да излезете и да барате нова доверба од граѓаните и како претседателски кандидат или најмалку како кандидат за пратеник?
О.С: Кандидирањето е нешто што се одвива во рамките на партиските органи. Таа постапка е во тек и јас не можам ниту да зборувам, ниту да прејудицирам, нешто за мене што е најважно Социјалдемократскиот сојуз во својата коалиција да ги има најдобрата понуда и најдобрите кандидати за сите кандидатски листи кои што ќе одат на избори.
Сметате ли дека со оставштината од овој хаос, со неиздавањето на документи и целосен дебакл на државата заслужувате да бидете дел од таа понуда?
О.С: За сето она што сме го направиле во изминатиот период како добро за државата, стојам до крај. Инаку, како ќе се одвиваат постапките, кои одлуки ќе ги донесе партијата и дали ќе се базираат тие на поединечна желба или амбиција? Во целата оваа приказна е безначајна. Важно е тоа што треба да го направиме сите заедно за државата, за најдобрите кандидати и најдобрата.
Па, за крај, што сметате? Дека за ниту еден од овие 598 илјади граѓани кои останаа без патни листи не треба да им кажете: Извинете, можеби згрешив, несоодветно планирав или на било кој начин да им се извините.
О.С: На оние кои поднеле барање за да им се заменат документите, тоа треба да си го направат низ системот на Министерството.