На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица предложи средствата од Буџетот предвидени за советниците за: патни трошоци, репрезентација, телефон и телефакс – ДА СЕ ПРЕНАМЕНАТ ЗА СПОРТСКИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА во општината.
За жал, советничката група од ДПМНЕ и коалицијата, уште еднаш го докажа нивното сфаќање на функцијата советник – луксузирање и полнење на своите џебови, наместо придонес за жителите на општината. Имено, тие ГЛАСАА ПРОТИВ нови игралишта!
Во оваа прилика, вредно е да се напомене дека Градоначалникот Стојкоски во предизборната кампања ветуваше игралиште во секое маало, но по сѐ изгледа дека својот мандат ќе го заокружи со руинирани/запустени игралишта и ниту едно ново.
Левица остро го осудува непродуктивното трошење на народните пари и како и до сега, ќе продолжи да делува во насока на продуктивно планирање и трошење на Буџетот на Општината, – се вели во реакцијата на Левица – Ѓорче Петров.