Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма, согласно идеолошката поставеност на партијата огромно внимание е посветено на здравствениот систем.
Изминатиот мандат, Левица со само двајца пратеници, успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, вклучувајќи и спречување на многу штетни закони во однос на приватизирање на брзата помош и ограничување на цените за време на Ковид кризата
Претседателот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.
Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за здравство:
- Изградба на најмодерни клинички болници на ниво на сите плански региони во Македонија – надвор од Скопје (Источен, Југоисточен, Североисточен, Пелагониски, Вардарски, Полошки и Југозападен).
- Воведување регулирани цени на здравствените услуги, и во јавното и во приватното здравство, со цел спречување „експлозија на цените“ за третмани и лекување.
- Укинување на моделот на јавно-приватни партнерства во сегментите на примарна здравствена заштита и третирање на специфични групи (пр. Центри за дијализа).
- Структурни промени во начинот на менаџирање со јавните здравствени установи:
укинување на економските директори во ЈЗУ;
централизирање на управните тела (на локално или регионално ниво);
креирање на ревизорски и контролни механизми за спречување злоупотреби при јавни набавки.
- Бесплатни центри за психолошка поддршка на населението, заради третирање на анксиозност и депресија и јавни кампањи за зголемување на свеста околу менталното здравје.
- Преструктурирање на високото образование за медицински науки:
намалување на бројот на медицински, фармацевтски и стоматолошки факултети, со цел зголемување на квалитетот на наставата;ревизија на акредитацијата на медицинските факултети;
воведување задолжителна летна пракса за студентите од 3-та, 4-та и 5-та година на студии;
креирање механизам за соодветно и планско екипирање на здравствените центри со потребен среден медицински, специјалистички и супспецијалистички кадар;
усовршување на холистичкиот пристап на превентива и лекување (со вклучување на традиционалните пристапи во лекувањето и други методи).
Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк