Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма, согласно идеолошката поставеност на партијата огромно внимание е посветено правата и поволностите на лицата со посебни потреби.

Изминатиот мандат, Левица со само двајца пратеници, успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, кожаде во фокус беа социјалните политики.

Претседателот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.

Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за лица со посебни потреби:

  • Двојно зголемување на посебните парични додатоци на лицата сопосебни потреби, а кои се однесуваат за:

туѓа нега од трето лице и мобилност

глувост и слепост;

деца со попреченост.

  • Запирање на практиката на намерно попречување на стекнувањето на право на инвалидска пензија за оние работници кои не се во состојба да работат и ги исполнуваат критериумите за добивање на истата (и соодветно санкционирање на членовите на Комисијата кои неправично му ускратиле право на граѓанин на инвалиднина).
  • Овозможување на стекнување предвремено право на пензија за родителите на лицата со посебни потреби – со навршени 20 годиниработен стаж, без оглед на нивната возраст (алтернативно: со навршени 55 години живот, без оглед на нивниот стаж – ако се грижел за дете со попреченост најмалку 15 години).
  • Олеснување на процедурата за потврдување на утврдениот телесен инвалидитет кај хендикепираните лица – особено бирократско ослободување на лицата со непроменлива и трајна попреченост (телеснаили ментална), и тоа:

слепи и полуслепи лица;

глуви и наглуви лица;

лица со церебрална парализа;

лица со детска парализа;

лица со џуџест раст (ахондропласиа);

параплегичари;

лица без дел од екстремитети (горни или долни); и

лица со интелектуална попреченост (умерена или тешка).

  • Овозможување на стекнување предвремено право на пензија за родителите на лицата со посебни потреби – со навршени 20 годиниработен стаж, без оглед на нивната возраст (алтернативно: со навршени 55 години живот, без оглед на нивниот стаж – ако се грижел за дете со попреченост најмалку 15 години).
  • Целосна социјална интеграција и инклузија на лицата со попреченост, односно промовирање, поддршка и нивно вклучување во разни спортски, музички, ликовни и други активности – без разлика на возраста.
  • Креирање систем на волонтерски сервиси, во соработка со хуманитарните и студентските здруженија од соодветните факултети, со цел да овозможат практиканти за теренска помош на лицата со хендикеп.

Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк