Според официјалните резултати на руската изборна комисија дури 88,1 % од руските граѓани во Македонија го дале својот глас за Владимир Путин на претседателските избори во Русија, додека пак во Србија само 10,84 % и 8,41 % во Црна Гора гласале за Путин.
Во Србија и Црна Гора, руските граѓани во најголем број покажале доверба кон кандидатот на партијата “Нови луѓе” Владислав Даванков заменик-претседателот на државната Дума – руското собрание.
Процентот на руските гласачи кои гласале за Путин е значително висок и во Босна и Херцеговина, но е за речиси 10 отсто помал од резултатот во Македонија, што изнесува 77,2 отсто.