Речиси илјада евра се потребни за едно четиричлено семејство да ги подмири месечните трошоци за живот – покажуваат најновите податоци од Сојузот на синдикати. Синдикалната кошничка за месец март изнесува 58 998 денари и е зголемена за 1 522 денари од минатиот месец.

Најголемо зголемување на трошоците има кај храната и пијалоците за што се потребни 22 682 денари.