Протест во понеделник против убиствата на Онкологија

Соопштение на организаторите на протестите против убиствата на Онкологија

Ве повикуваме повторно на протест во понеделник пред Влада, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе побараме СУДСКА РАЗРЕШНИЦА за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија.

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест се:

1. ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела

2. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев

3. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија

4. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија

5. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија

6. Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага.

Воедно, апелираме сите онколошки пациенти да не контактираат за нивните искуства, за да придонесеме во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија!

Се гледаме во понеделник во 18 часот!

Последно