Коалицијата на СДС и ДУИ со партиска егзекуција продолжува да врши разрешување на способни и докажани директори ширум Република Македонија. Последна жртва е директорката д-р Елена Коваческа од Болницата за Кардиологија во Охрид.

Имено, вчера во јавноста излезе вест за најава на партиско разрешување на д-р Елена Коваческа, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид, без да бидат утврдени соодветни пропусти во нејзиното работење.

Индикатор дека оваа одлука е целосно партизирана и на штета на пациентите е успешното функционирање на Заводот за Кардиологија и спасувањето на многубројни животи на граѓаните од Западна Македонија на годишно ниво, без во јавноста да исплива посериозен корупциски скандал од оваа здравствена установа.

Министерот ФАТМИР МЕЏИТИ од Алијанса за Албанците наместо да понуди сериозни мерки за заздравување на руинираното здравство, тој од чисто партиски мотиви врши притисок врз квалитетниот медицински кадар, кој се помалку го има во Македонија! Молкот на СДС кон својот коалиционен партнер е очекуван, со оглед на тоа што оваа партија подолго време не е никаков фактор во Владата, што всушност ја раководи ДУИ.

Време е да се стави крај на ваквите лоши практики на владеењето со јавните установи, од тоа трпи штета трпи народот во Република Македонија и е доведен во прашање квалитетот на лекување на пациентите во јавните здравствени установи ширум државата. Човечките животи не смеат да се предмет на партиско поткусурување! – се вели во соопштението на политичката партија Левица.