Денеска, во Собранието на Република Македонија, претседателот на Левица Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов остварија средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.
Во пријателска атмосфера, се разговараше за регионалните предизвици со кои се соочуваме и можноста за зголемена меѓусебната соработка во корист, како на двете држави, така и за регионот во целина.
На средбата беше истакнато јакнењето на капацитетот за носење одговорни и решителни одлуки и независна меѓународна политика која ќе одговара на интересите на нашите братски земји и стабилноста на Балканот.
Левица ќе продолжи да работи кон зближување на односите со пријателски држави како Босна и Херцеговина, во духот на искреното партнерство и негово продлабочување во иднина. – Се вели во соопштението на Политичката партија Левица.