Погребот на кралицата Елизабета Втора ги чинела граѓаните околу 162 милиони фунти.

Министерството за финансии на Велика Британија, објави дека погребот на кралицата Елизабета Втора ја чинела владата околу 162 милиони фунти.

Имено, државниот погреб, кој беше одржан на 19 септември 2022 година, следеше по периодот на национална жалост. За тоа време, стотици илјади луѓе го посетија Вестминстер каде што беше изложен ковчегот со телото на кралицата.

Најголем дел од трошоците кои се однесуваат на погребот, пропратните настани и изложувањето на нејзиниот ковчег, ги обезбедиле Министерството за внатрешни работи и тоа 73,3 милиони фунти и Министерството за култура, медиуми и спорт, со повеќе од 5, 42 милиони фунти. Останатите финансии биле обезбедени од Министерството за одбрана со 2,9 милиони фунти, како и Канцеларијата за надворешни работи со 2 милиони фунти.

Дополнително средства кои ги одвоиле владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска, министерството за финансии подоцна целосно им ги вратиле.

Главниот секретар на Министерството за финансии, Џон Глен во официјалното обраќање изјавил дека приоритет на владата во тоа време било да обезбеди настаните да се одвиваат непречено и со соодветно ниво на достоинство, истовремено обезбедувајќи ја безбедноста на кралското семејство и безбедноста на граѓаните.

На погребот се собраа многу светски лидери и монарси. Полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Превземено од: https://www.slobodenpecat.mk/pogrebot-na-kralicata-elizabeta-chinel-162-milioni-funti-na-shto-otishle-parite/

Последно