Оризопроизводителите оставени без субвенции

Оризопроизводителите сеуште чекаат на целосната исплата на 3-те денари субвенции за предаден килограм арпа. Владо Стојанов од Облешево предал 20 тони оризова арпа, но наместо да му бидат исплатени 57 000 денари, досега добил само 19 000 денари.

,,Преку лигитимни фирми е предадена арпата. Имам документ, дека се е законски. Поминато е преку УЈП. Значи ни го зедоа данокот, а на нас не ни ги даваат” – изјави Владо Стојанов, оризопроизводител од Облешево.

Случајот на Стојанов не е единствен. Според него, интервентната мерка не им е исплатена на голем број оризопроизводители.

,,Не сум само јас, има многу луѓе, ама сега сме во екот на сезоната и земјоделците си ги прскаат нивите…Има поединци, колку што јас знам, дека имаат проблем со нецелосна исплата. Има едно момче од село Бање, 100 тони има предадено, а само за 20 му е исплатено. Го викнав да дојде, но моментално прска и не можеше да дојде и да каже”, додаде Стојанов

Стојанов вели дека од парите кои го следуваат нема да се откаже, зашто му се заработени со мака и труд.

,,Да се откажеме од парите, не се откажуваме. Додека можеме ќе ги бараме, тој (министерот) не ги дава од џеб” – изјави Стојанов

Заедно со останатите оштетени оризопроизводтели ќе поднесат приговор, а во крајна сметка правдата ќе ја побараат и на суд.

Превземено од: https://sitel.com.mk/orizoproizvoditelite-si-gi-baraat-trite-denari-subvencii

Последно