На наредната седница на советот на општина Ресен се планира покачување на цените на следните услуги:

– Вода за пиење

– Комуналните услуги

Одржување на јавна чистота во градот

– Гробарина

Точно е тоа дека овие услуги се на многу ниско ниво. Вода за пиење во текот на летото често немаат делови од населбите Пролет и Славејко Арсов. Несовесно никнуваат диви депонии по сите локални патишта. По социјалните мрежи се вртеа видеа од градските гробишта кои се гушат во трева.

Овие поскапувања ќе удрат силно по буџетот на граѓаните на општина Ресен, кои тешко се справуваат со инфлација поради ниските откупни цени на јаболката и немањето индустриски капацитети за нови вработувања. Мора да се спомне дека дури околу 600 млади луѓе ова лето заминуваат да работат во Хрватска.

Секако дека треба решение на сите овие проблеми но тоа не е да се земе од џебот обичниот граѓанин.

Локалниот огранок на политичката партија Левица предлага: Покачување на цената на овие услуги на сите правни лица , индустриски капацитети, угостителски објекти. Наплата на истите. Чистење на дивите депонии, покачување на казните за создавање на нови и награда за секој кој ќе пријави. Стои во соопштението на ЛО Ресен при политичката партија Левица.