Жителите на селото Климештани најавуваат граѓански протест утре на сред село во 11 часот против каменоломот во непосредна близина на селото.
Жителите ќе го изразат своето незадоволство од начинот на експлоатација на ископот и, како што тврдат, непочитувањето на законските одредби од страна на компанијата која управува со истиот.
Тие се револтирани поради тоа што копањето предизвикува затрупување на селото и нивните ниви со прашина, додека минирањата во каменоломот ја нарушуваат статиката на нивните домови и текот на подземните води.
Во известувањето се вели:
Драги Климештанци, драги сограѓани, македонски народе, ве повикуваме оваа сабота на 30.11.2024 да ни се приклучите на протестот и блокадата на каменоломот во Климештани! Нашите барања кон фирмата која го управува овој каменолом НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ! Сите законски рокови се пробиени и затоа нас единствено ни останува да одиме на протест. Селото Климештани е покриено од прашина а минирањето ни ги оштетува куќите. Земјоделските насади ни се загрозени како и водоснабдувањето.
Немаме време да чекаме на милост или немилост од одговорните. ГИ ЗЕМАМЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ.
Линк до настанот: https://www.facebook.com/share/1W8VMfghTE/