„Време е да излеземе од удобноста и да ја преземеме одговорноста за иднината што ја посакуваме!
Ве покануваме на Третата годишна конференција на Црвена Младина – најголемиот и најважниот настан за сите нас оваа година!
25 јануари 2025
Културно Информативен Центар – Скопје
18:00 часот
Ова не е уште еден обичен собир. Ова е простор каде што ќе се собереме и ќе ги поставиме основите на нашата борба. Заедно ќе зборуваме за неправдите со кои се соочуваме, за идеите што нè водат напред и за тоа како сите ние можеме да бидеме дел од револуцијата.
Време е да се чуе гласот на младите! Време е да покажеме дека не се плашиме од промени, дека имаме сила и дека сме подготвени за акција.
Дојди, стани дел од движењето што ја создава иднината!“ – стои во нивната најава на социјалните мрежи.