Извинете, но не сите 120 пратеници се исти!

Пишува Реџеп Исмаил – Хактан – народен пратеник во Собранието на Република Македонија

Извинете но не сите 120 пратеници исти! Но го разбирам вашиот страв директно да посочите со прст кон олошот: Едно, затоа што сте мрзливи во умот, а друго, затоа што знаете дека тие имаат моќ, и се агресивни, затоа полесно ви е да ги изедначите сите наместо да го вперете прстот кон оние кои имаат моќ да одлучуваат (мнозинството).

И тоа е вашата малограѓанштина длабоко во вас, за тоа сносите одговорност. Го разбирам но не го оправдувам ниту под разно, имате одговорност да бидете интелектуално поштени. Одма да ви кажам, инфантилниот изговор дека вие “не сте партија” и “дека не ве интересираат разликите помеѓу пратеничките групи во Собранието” е изговор за луѓе со IQ помало од просекот на нацијата. Па вие не сте тоа ваљда, мајкуму!? А, или сте…?

Пратеничката група на Левица не се согласи да се откажат активностите во Собранието, напротив, да продолжат регуларно (пратенички прашања) како што е редот по деловник. Арно ама, тоа некому не му одговараше па се договорија да нема воопшто активност.

Инаку, не знам од каде ви е тоа поимање на работата во Собранието само како дремење во сала и гласање на седниците, на кои патем, владејачкото мнозинство не ни обрнува внимание на забелешките од опозицијата, туку дава знак на 50+ пратеници да гласаат или да не гласаат за да случајно не утнат, ОТИ НИКОЈ ОД НИВ НЕ СЛЕДИ НИШТО!? Ако навистина така ја поимате работата на пратениците, тогаш ете ви го Пеката и еден куп такви мимикрии во Собранието, гласајте за нив.

Не, Левица нема никогаш да ја прифати позицијата на исти кош со партиите кои три ипол децении делат власт, и чив резултат, односно последица е денешнава Северна Франкенштајн творевина.

Впрочем, индициите на Власта се гледаат од тоа дека во нивниот обид да се изземат од одговорност за коруптивниот систем кој буквално убива, напаѓајќи ја единствено Левица и студентското движење. Зошто? Па затоа што знаат дека СДСМ како опозиција е во длаааабок офсајд!

Последно