Македонија има светски шампион – Славески доминантно до титула!

Македонија стана извор на врвни борци во неколку различни боречки вештини. Горјан Гого Славевски доцна синоќа стана светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ.

Скопјанецот Гого Славевски кој неколку години живее и се натпреварува во САД, синоќа доминантно го победи ривалот Џејк Линдзи од САД во Мајами.

Победникот го прогласија судиите откако до крајот, до последен удар на гонгот и Славески и Линдзи беа на нозе. Гого славеше заслужен триумф со вкупен резултат 49-46, 49-46 и 48-47.

Горјан Гого Славевски е од скопската населба Ѓорче Петров, а веќе речиси десет години се пробива во овој се поатрактивен и помасовен спорт. Гого веќе има шест триумфи над реномирани ривали во САД.

По синоќешниот триумф, Горјан гласно зборувал за својата земја:
„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победник на дуелот кој го вивна во уште поголеми висини.

Гого Славески сега го поседува шампионскиот појас кој му припаѓал претходно на Луис Паломино кој пред извесно време се откажал од шампионскиот појас во оваа категорија со цел да се бори во друга. И на двајцата тренер им е Ерик Кастањо кого го сметаат за еден од подобрите на оваа функција во оваа вештина.

Превземено од: off.net.mk

Последно