Лукашенко: Не постои подобро општествено уредување од Марксизам-ленинизам

Белорускиот претседател Александар Лукашенко оствари средба со рускиот филозоф Александар Дугин, кој многумина го сметаат за еден од клучните филозофи во современата руска историја. Во текот на нивниот разговор се говорело за државните управувања и идеологиите, а двајцата соговорници се сложиле дека марксизмот и ленинизмот имале како идеологија и систем на управување е многу подобар од современите постмодернистички евалуации на идеологиите.

„Велат дека марксизам-ленинизмот е лош. Само нека си мислат така, ама ништо подобро не е измислено! Тоа беше цел поглед на светот. Ние денес го немаме тоа. Оттогаш ми нудеа разни идеологии, сите ги отфрлив бидејќи ниту една не е популарна и не допира до човечкото срце. Ние воопшто немаме државна идеологија. Ниту Русија го нема“, рече Лукашенко.

Со оваа констатација на белорускиот претседател се согласи Алекасандар Дугин, кој додаде дека идеологиите не се некаква конструкција, туку резултат на историски процеси и додаде дека олигархијата сериозно влијае на општествениот развој кој треба да го управува државата.

“Во право си. Идеологиите не се конструкција ниту вештачки ПР. Тие мора да се родат од народот, од историјата. Современата агресија на колективниот Запад не е само напад на НАТО, туку и напад на идеологијата. И, не можете да се борите против идеологија со неидеолошки методи. Порано имавме марксизам-ленинизам, каков и да беше, тоа беше еден комплетен систем. Мислам дека сте поблиску до тоа, бидејќи не дозволивте олигархијата да се развие. За жал, кај нас (Русија) не е така, и сега е тешко да се избориме со тоа, бидејќи олигархијата се меша во се.“

Во продолжение Дугин дополни дека актуелниот претседател на Русија е влезен во борба против олигархијата, нагласувајки дека за оваа борба веројатно ќе мора да се плати висока цена.

„Сега, благодарение на нашиот претседател, се обидуваме да го искорениме, но по која цена? Сега историјата не принудува да го слушаме народот и да го следиме историскиот прогрес и на тој начин да и дадеме форма на таа идеологија позајмувајќи се од марксизмот, советската историја, руската историја, православните корени“, одговори Дугин.

Според информациите објавени за јавноста, оваа средба траела повеќе од два часа.

Превземено од: Antropol.mk

Последно