Советниците на Левица во Советот на Град Скопје денес поднесоа Иницијатива за отварање на 23 нови сензорни соби.
Со иницијативата советниците бараат отварање на по една сензорна соба во секое средно училиште во град Скопје, со што ќе им се излезе во пресрет на барањата и потребите на децата со аутизам и ќе се подобри квалитетот на нивното образование и живот.
Очекуваме оваа иницијатива да се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје. – Се вели во соопштението на Левица – Скопје.