ЛО Карпош во координација со Зелен сектор на Левица годинава го одбележа Денот на планетата како дел од сеопфатната грижа на Левица за животната средина и нејзината одржливост.
Со организирано чистење на падините на Водно, Левица-Карпош сака да укаже на потребата од колективна одговорност за заштита и сочувување на сите природни богатства со кои изобилува планетата и нашата Македонија.
Проблемите со кои се справуваат карпошани, скопјани и сите граѓани во Македонија во однос на дегарадација на животната средина и оневозможување на здрава средина за живот се следниве:
Недостаток на инфраструктура за справување со отпад: недоволна инфраструктура за собирање, третман и рециклирање на отпадот, што доведува до загадување на животната средина.
Недоволна заштита на зелените површини: недостаток на строги закони за заштита на зелените зони и паркови од урбаната мафија и нивно несоодветно одржување, што доведува до уништување на животната средина.
Неодговорно управување со водните ресурси: лошо управување со отпадните води и загадување на водните извори, што доведува до огромни штети на цели екосистеми.
Загадување на воздухот: неприменување на строги стандарди за емисии од превозни средства и индустриски капацитети, што доведува до огромни здравствени последици кај граѓаните.
Левица-Капрош во општината се залага за имплементирање на строги закони и прописи, инвестирање во инфраструктура и технологија, како и образување на граѓаните за нивно ангажирање во заштита на животната средина. Стои во соопштението на ЛО Карпош при политичката партија Левица