Тука во атарите на двете села Шелеверци и Алинци, кој се во близина на патот Прилеп-Битола се наоѓа исклучителен интересен локалитет познат под името Каракамен. Од поглед на природни вредности овој локалитет е доста значаен бидејќи има присуство на голем број ретки минерали.


Еден од нив е и МАКЕДОНИТ, кој најпрво бил регистриран тука, а потоа на уште еден локалитет во Шведска. Овој геолошки музеј, под отворено небо, не само што придонесува значително за научното знаење, туку има и економско значење со своите уникатни високо ценети минерали.


Обесхрабрувачки е да се види небрежноста што доведува до неповратни штети, ставајќи ги во прашање не само минералното наоѓалиште, туку и потенцијалните економски придобивки. Ова е ексклузивен локалитет, не само по единствениот број на ретки минерали, но и по значајни културни остатоци од населба од праисториските периоди.

Во моментов се уништуваат и археолошки артефакти. Од пред извесен период, изведувачот компанијата БЕХТЕЛ И ЕНКА во Договор за изградба склучен со владата повторно почнаа да го уништуваат овој значаен локалитет.


Се работи интензивно, како во текот на денот така и до доцните вечерни часови. Со цел што побрзо и што повеќе да се однесе
природното и културно наследство кое го поседуваме.

Ова е ДЕВАСТИРАЊЕ, кое e овозможено со измените во законот за минерални суровини донесен од страна на
пратениците на 27-ми ноември оваа година, за потребите на БЕХТЕЛ И ЕНКА. Со кој минералните суровини кој ќе им се најдат на патот, ќе можат слободно да си ги експлоатираат.

Бараме до сите засегнати страни, вклучително и загрижените граѓани, еколозите и геолозите да ги здружат рацете
во спречување на неповратното губење на овој редок феномен. Владата мора да одговара за својата негрижа, и веднаш да се
превземат чекори за да се поправи оваа состојба. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица