,,Фирмата Анизор Дооел Скопје” има склучено договор за зимско одржување на локалните улици и патишта на територија на општина Бутел за зимската сезона 2022/2023 година со вредност на договорот од 4 720 000 денари (76 748 евра). Во зимската сезона на територија на општина Бутел мали снежни наноси имало еднаш, а снежна покривка не поголема од 3 см не се задржала повеќе од 4 дена.
И покрај ова, согласно годишниот извештај на општина Бутел, посочената фирма на локалните улици во Бутел истурила неверојатни 94 тони индустриска сол како абразивно средство за што се потрошени 1 642 676 денари (26 700 евра).
Го прашуваме градоначалникот Костовски од редовите на ДПМНЕ како е можно општина Бутел за 4 дена при многу благи снежни наноси може да потроши повеќе од 1/3 од предвидениот буџет за одржување на локалните улици во зимски услови и воедно ги потсетуваме жителите на општина Бутел дека општината има формирано ЈКП Бутел.
Општина Бутел со истата фирма има склучено договор за зимско одржување на локалните улици и патишта во општината за сезоната 2023/2024 г, а фирмата Анизор Дооел Скопје е омилена фирма и на градоначалниците на општина Ѓорче Петров (65 041 евра), Кисела Вода (48 780 евра), Карпош (97 561 евра) и Центар (116 098 евра).
Левица во континуитет ќе ја следи општинската администрација и ќе ги информира жителите на Бутел за сите можни злоупотреби на нивните пари. Левица се бори против расипничкото работење на криминогените партии од триото ДПМНЕ-ДУИ-СДС, кои јавните претпријатија ги користат само за партиски услуги – а јавните услуги ги вршат приватни компании блиски до нив и го цедат буџетот на граѓаните. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.