Извршителите од граѓаните наплатиле над 40 милиони евра за една година!

Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните а на трето место е државата. Во исто време компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисоки износ на побарувања од должниците, пишува Порталб.мк. Најновиот извештај за работата на извршителите покажува дека во 2022 та година е наплатен рекорден износ на долг, повисок од 144 милиони евра а само од граѓаните износ над 40 милиони евра.

Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители,  бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра. Ова е највисока наплатена сума на долг од 2006 та година, кога започна присилната наплата на долгови преку извршителите. Само во однос на 2021 та  наплатениот долг е повисок за 14,3  милиони евра.

Минатата година биле доставени и рекордни 152 079 барања за извршување, но иако присилно наплатениот износ е рекордно највисок,  интересно е дека степенот на реализација на примените барања  изнесува 38,27% и тој е најнизок во последните години, што е показател дека се работи за барања за присилна наплата на високи износи.  Највисока сума на долг е наплатена од  фирмите, износ од 81,7 милиони евра, потоа од граѓаните 40,5 милиони евра а на трето место е државата од која е наплатен долг во виснаа од скоро 23,5 милиони евра.

Во 2022 та во споредба со 2021 та наплатениот долг од граѓаните е зголемен за скоро 3.6 милиони евра, од фирмите за 7,7 милиони евра а од државата присилно се наплатени 3,3 милиони евра повеќе во 2022 та.

Според податоците од Годишниот извештај за работата на извршителите, анализирано по подрачја, најголем број на барања за извршување или 64 305  имало во Основниот суд, граѓански суд и Основен кривичен суд – Скопје, следуваат основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, вкупно 13 943, потоа во подрачјето што ги опфаќа основните судови во Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино со вкупно 13 466 поднесени барања и на трето место со 12 284 примени барања се основните судови во Гостивар и Кичево. Најмногу реализирани барања за извршување од примените во 2022 година или 15,7% имало на  подрачјето на Основниот суд Битола и Основниот суд Ресен, додека пак подрачјето на Основните судови Куманово,  Крива Паланка и  Кратово имаат најмал процент на реализација на примени барања за извршување во 2022 година односно 5, 37%

Превземено од: rabotnik.com.mk

Последно