Иран лансираше дронови кон Израел, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ), што е очекуваниот одмазднички напад за неодамнешното бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск. Според АВС news 400 до 500 беспилотни летала и проектили ќе бидат лансирани кон Израел, додека поголемиот дел од проектилите се очекува да доаѓаат од Иран, лансирањето се очекува и од Ирак, Сирија, јужен Либан и Хутите.
Иран вети дека ќе се одмазди за нападот на 1 април, кога загинаа и ирански генерали. Израел не ја презеде одговорноста за овој напад, но сите сметаат дека стои зад него.
По овој напад од страна на Иран, „Авионот на судниот ден“ на израелската влада полета и е единствениот авион што го напушта Израел. Авионот потенцијално го носи Нетанјаху и неговиот кабинет.
🚨 BREAKING 🚨
— Benny Johnson (@bennyjohnson) April 13, 2024
The Israeli Governments "Doomsday plane" has taken off and is the only plane leaving Israel.
Potentially carrying Netanyahu and cabinet.
This is very bad. pic.twitter.com/baG2ipKysr