Во текот на последната недела на август, пред самиот почеток на новата учебна година, тимот на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ посети вкупно 17 училишта во Охридско-препаснскиот регион, со цел да ги претстави бесплатните курсеви по кинески јазик и култура, како и начините истите да им станат достапни на учениците во овие училишта.
Општина Охрид: ОУ „Братство и единство“, ОУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“ (с. Лескоец), ОУ „Живко Чинго“ (с. Велгошти), ОУ„Свети Наум Охридски“ (с. Пештани), ПОУ „Кочо Рацин“ (с. Долно Лакочереј), ОСУ „Свети Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“
Општина Ресен: ОУ „Мите Богоевски“, ОУ„Гоце Делчев“, ОУ „Браќа Миладиновци“ (с. Царев Двор), ОУ „Славејко Арсов“ (с. Подмочани), ОУ„Димитар Влахов“ (с. Љубојно), СОУ „Цар Самоил“
Општина Вевчани: ОУ „Страшо Пинџур“