Германија во очај: Во потрага на работници ширум светот

Германија има намера да бара работна сила во земји надвор од Европа како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл.

„Заедно со претставниците на економијата работиме на стратегија во земјите каде што на пазарот на трудот има многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што домашните пазари на труд можат да апсорбираат“, изјави Хејл за германските медиуми.

Тој изјави дека Германија ќе инвестира во стручно оспособување на младите на лице место, а луѓето кои ќе дојдат во Германија ќе имаат корист од добро платена работа што им дава можност да ги финансираат своите семејства дома.

Хејл и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во јуни треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки, кои се повеќе од потребни на германскиот пазар на труд.

Германија треба да склучи слични договори со Мексико и Индонезија, а Хејл во февруари ја посети Гана со истата цел.

Германската влада, исто така, води дискусии за привлекување работна сила со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам.

Институтот за германска економија на крајот на минатата година објави дека има над 630.000 слободни работни места пријавени во агенциите за вработување кои не може да се пополнат поради недостаток на одредена работна сила.

Превземено од: https://faktor.mk/germanija-vo-ochaj-bara-rabotnici-shirum-svetot

Последно