На 17.07.2023 година во Токио, Јапонија, заврши 53. Меѓународна олимпијада по физика на која учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех на оваа олимпијада освојувајќи два бронзени медали и две награди за успешно учество (пофалници), соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.
Оттаму додаваат дека Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци, и Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освоиле бронзени медали, а Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје, добиле пофалници.На оваа олимпијада во тимот учествувал и достојно го покажал своето знаење и Кристијан Шишкоски, ученик во четврта година во „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Водачи на тимот беа проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје, и проф. д-р Боце Митревски, редовен професор на ПМФ во Скопје.