Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супермасија на бизнис – интересите врз интересите на работниот народ! Ова решение дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во земјава.
Имено, со реструктуирањето на министерствата, трудот се вади од Министерството за труд и социјална политика, каде го имаше својот примат во насока на заштита на интересите на работниците и се преместува во Министерството за економија, каде трудот и институционално се подредува на економските, односно бизнис – интересите на олигархијата!
Ставањето под иста капа на овие две спротивставени класи, од една страна – трудот и од друга страна – капиталот, карактеристична за десничарските партии, Левица ја поима, единствено, како оддолжување на ДПМНЕ кон капитал – сопствениците, кои ја спонзорираа нивната партија на грбот на работниците. Со овој потег, коалицијата на Мицкоски социјалниот дијалог, исклучително, го насочува во корист на сопствениците на капитал. – Стои во соопштението на политичката партија Левица.