Годишната конференција на Стопанската комора ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот за кои одамна нема решение. Клучниот проблем во бизнисот се платите, но и работната сила.
За да ги задржат работниците и да можат да даваат повисоки плати, работодавците бараат намалување на придонесите и либерализација на меѓународниот пазар на труд.
Бараме од Владата да ги намали придонесите за минимална плата кои се високи и изнесуваат 47,5 отсто. Бараме истите да бидат намалени на 32 отсто со цел да се зголеми минималната плата. Бараме и зголемување на квотата на странски работници од 5.000 на 10.000 или 15.000 работници годишно, изјави Менди Ќура, претседателот на стопанската комора на северо-западна Македнија
Годишно на бизнисот му недостигаат околу 10.000 работници, од кои најмногу во туризмот и градежништвото. До крајот на март годинава над 3.000 странски граѓани добиле дозвола да работат во Македонија, а меѓу нив има и работници од Непал и Пакистан, објави „Алфа“.
Превземено од: https://skopjeinfo.mk/dodeka-makedoncite-si-zaminuvaat-izdadeni-3000-dozvoli-za-stranski-rabotnici