Советничката во Ѓорче Петров од редовите на политичката партија Левица, Дарја Мустафаоглу денеска обелодени низа случувања во врска со многу коруптивен и сомнителен ДУП, донесен на итна седница од страна на советниците на ДПМНЕ во општината.
Имено советничката во 11 часот утрото на фејзбук напиша:
Се сеќавате на ДПМНЕ кои во јануари 2021 година се бунеа за висококатниците карши пазарот во Ѓорче (ДУП СЗ 16) и нетранспарентноста на постапката? Епа денес ќе го донесат тој ДУП – вчера вечер испратени материјали, а денес во 10:00 сабајле си закажаа ВОНРЕДНА седница на брзина.
ДУП-от предвидува 20катиница, 17катница, четири 14катници, две 12катници, шест 9катници,седум 7катници, и уште десетина помали згради.
Неколку часа подоцна советничката извести дека ДУПот е изгласан:
Патриотите од ДПМНЕ денес по брза постапка му дадоа амин на ИМЕР СЕЛМАНИ да гради БЕТОНСКИ ЅИД од 17 и 20 катница во Ѓорче Петров!
Имер Селмани, нарекуван од страна на прозападните извори како „македонскиот Обама“ беше министер за здравство за времето на владеењето на Никола Груевски како и претседателски кандидат на државата со партијата Нова Демократија.
Слоганот за неговата кампања беше со веќе многу добро познатиот шовиниситчки слоган што го слушаме и денес: Време еза „претседател албанец“.