Прв дел од текстот

Растот на Кина

Друг притисок е растот на Кина. Економскиот развиток на Кина беше огромен благодет на светската економија. Отворањето на економиите на светскиот пазар – во Источна Европа, но особено Кина – беше клучен чинител за одолговлекување на бумот во 1990тите и раните 2000ти.

Тоа што го гледаме како индустриски развиток на светско ниво во последните 30 години главно се случи во Кина, која исплива како нова светска сила. Од средината на 1990тите продуктивноста на трудот во Кина растеше од 7 до 10 отсто годишно.

 Откако првично го поздравија економскиот успех на Кина, а и се потпреа на Кина при закрепнувањето од падот во 2008 година, САД и ЕУ почнаа да се плашат од кинескиот раст. Тие почнаа да забележуваат како кинеските компании сериозно се интересираат во патентите и интелектуалната сопственост. Ова беше случај од земјоделието до електрониката. Кинеските компании како Леново, Џиили и Хуавеи исто така почнаа да купуваат акции на Запад. И тогаш западните сили се загрижија.

Веќе при претседателството на Обама, имаше гласини за „Пивот кон Азија“, но по објавата на „Направено во Кина 2025“ во 2015 година, квантитетот се претвори во квалитет. Кина стана сериозна грижа и за време на Трамп кога сериозно се обидоа да го зауздаат растот на Кина.

„Направено во Кина 2025“ беше објава кон светот дека Кина не произведува само мебел и облека, а склопува електроника. Сакаше да се натпреварува во најразвиените технолошки сектори и да ја намали зависноста од странските снабдувачи.

Кина има огромно население, а вредноста на вкупниот излез од нејзината економија се доближува до тој на САД. Модернизацијата на кинеската индустрија ја направи Кина една од најголемите индустриски нации. Сепак, Кина заостанува многу зад другите. ММФ проценува дека просечната продуктивност на труд во индустријата е 35 отсто од глобалните најдобри практики.

Само во најнапредните области, како градовите околу делтата на Бисерната Река (Џуџанг), Шангај или Пекинг, имаме БДП пер капита споредлив со Шпанија или Португалија. Кина не може да се рамни со развиените империјалистички држави како Германија, Јапонија или САД, но ги изрази своите амбиции да стане таква.

САД сега ги впрегнува своите економски и дипломатски сили да ги запре земјите да извезуваат клучни компоненти во Кина и да купуваат технологии како 5Г од Хуавеи. Исто така си зеде задача на „ослободување“ на своите синџири на снабдување и на тие кои и’ се блиски сојузници од Кина.

Многу од нејзините сојузници не се убедени во пристапот на САД. На пример, Шолц, спротивно на желбите на САД, реши да ја посети Кина и Си Џинпинг. Тој беше убеден да ги разреши германските спорови со Кина независно од САД. Макрон има сличен приод, а во комуникето на „спогодбата“ по неговата посета со Бајден, забележливо не ја спомна Кина.

Помалите европски сили се несреќни како САД се справува со конфликтот со Русија: со виткање на рацете за да преземат мерки кои имаат ограничено влијание на економијата на САД, но имаат многу штетно дејство врз европската индустрија, а особено германската. Еден анонимен постар службеник на ЕУ го нарече ова „историски спој“ на односот САД-ЕУ (види англ. Europe accuses US of profiting from war – POLITICO). Европските сили не успеаја да ја видат мамката на уште една трговска војна во којашто мораат да се потчинат на диктатот на САД.

Во исто време САД и тoa како се способни да преземат унилатерална акција, а и продолжуваат така да прават. Тие наметнуваат нова легислатива, не само на американските компании, туку и на секоја друга компанија во светот. Неодамнешната забрана за извоз на машини за да се про изведуваат полуспроводници во Кина е еден таков пример. Слично, во својата блокада против Куба, САД бараа унилатерална согласност од компаниите во Европа, Тајван итн. или се ризикуваа санкции како одговор.

Светскиот најголем производител на полуспроводници во Тајван се нарекува ТСМЦ. Сега тој мора да бара дозвола од власта на САД да увезуваат машини во своите фабрики во Кина. Најголемиот таков производител е АСМЛ, холандска компанија. Холандската влада сега е во преговори со САД за дополнителните бариери што се наметнати за извезувањето во Кина. САД во основа ги применува сопствените методи на „конкуренција“ со Кина врз своите сојузници.

САД останува да биде супер сила, а како што британската флота во 1914 г. имаше политика на одржување на својот поморски капацитет поголем од двата најголеми конкурента заедно, така и САД троши многу како следните 10 држави заедно во своето наоружување, или 2.7 пати повеќе од Кина којашто е на второ место. Во минатото, оваа сила служеше за одржување на слободната трговија. Но со тек на времето таа денес се користи за сосема спротивното.

Ова свртување во САД има важни последици. За разлика од минатото своите сили не ги користи за одбрана на општите интереси на капиталистичката класа против Советскиот Сојуз или светската револуција туку своите тесни интереси се насочени кон другите главни сили. Со тоа ја зазема улогата на сила којашто е во пад, којашто се обидува да се заштити од конкуренцијата, нешто што го правеше Британија на крајот на 19 век.

Би било погрешно да ја гледаме политиката на протекционизам само до гледна точка на САД. Европската унија исто така има интерес да се спротивстави на кинеската конкуренција. Имаат и тие Закон за чипови, нивен обид за да се заштитат фабриките за литиумски батерии и така натаму. Кинеската влада ги ограничи новите протекционистички иницијативи, но постојат многу поплаки за неофицијалните мерки што ја отежнуваат ситуацијата на Западните компании што работат во Кина.

Сите овие конфликти само се заоструваат под тежината на настаните. Ова ќе има важни последици. Барањето на нови синџири на снабдување за да се избегнат Русија и Кина ќе биде страшно скапа операција. Обидот да се премести производството на микрочипови значи инвестиција од 300 милијарди долари на литографски системи од ТСМЦ, Интел и Самсунг. Според АСМЛ, ТСМЦ веќе најави инвестициски план од 100 милијарди долари. Откако ќе се постават овие нови фабрики ќе мора да се заштитат од странската конкуренција со царини и други мерки. Ова е особено важно затоа што тие планираат да го надминат плафонот на побарувачка на светскиот пазар на полуспроводници, со последици во цените. И така протекционизмот го храни протекционизмот.

Ова ќе има долгорочни последици на инвестициските нивоа. ММФ проценува дека секој процент на намалување на царините резултира со 0.4 процентни поени пораст во инвестициите, затоа што поевтинува машинеријата. Е сега, зголемениот протекционизам ќе води кон поскапа машинерија и според тоа помалку инвестиции.

Во оваа турканица светската трговија нема да изумре. А може ли? Но ќе биде многу поскапа, а тоа ќе води кон поскапи добра т.е. кон инфлација. Тоа ќе мора да се спречи со дигање на каматните стапки и обид да се олади економијата, нешто со што ќе се предизвика рецесија.

Па зошто така прават, би запрашал некој. Ова прашање нон-стоп го поставуваат либералните медиуми. Сепак тешко е дека ќе ја пронајдат причината. Прво, токму политиката на слободна трговија нѐ доведе до оваа точка. Слободната трговија ја продолжи и исто така ја заостри оваа криза. Ниту слободната трговија ниту протекционизмот можат да ги решат противречностите на капитализмот.

Второ, при значително влошени економски услови, владите се обидуваат да пронајдат некој начин на стабилизација на политичкиот систем и осигурување дека главните монополи ќе ја надминат или барем ќе се одржат над конкуренцијата. Тие се обидуваат да купат време, барем доколку дојде до револуционерни промени на режимот, да не биде тоа нивниот режим. И баш затоа што сите играат на ист начин тие ја уништуваат ткаенината на светската економија, а како продолжение, и целокупниот капиталистички систем.

Кои се ставовите на марксистите?

Пазарот, или „невидливата рака“ имаше историски прогресивна улога, но јасно е дека не е повеќе така. За нас не е прашање на поддршка на слободната трговија против протекционизмот. Не е наша задача да го вратиме времето назад во 2006 година или дури 1967 година.  Целата криза покажува неспособност на капитализмот да го повлече човештвото напред, а во својот сенилен пад, капитализмот уништува многу од придобивките што се направени во минатото.

Тој ги уништува синџирите на снабдување, тој ги уништува системот на меѓународни односи, тој не враќа кон војните, милитаризмот и сиот тој губиток на економски ресурси и човечки животи. Нашата задача е да објасниме зошто ова се случува и како ниту една страна нема да реши ништо со нивните мерки.

Мора да разбереме дека протекционизмот е слепа улица. Целиот развиток во последните 80 години покажува за севкупно реакционерната утопија на „социјализмот во една земја“. Ние сме една Земја, поврзани сите заедно и има големи предности за нас во споделувањето на искуства, технологии и ресурси. Социјализмот ќе биде изграден на основите на трговија и интернационализам, не со принуда на продуктивните сили во лудачката кошула на националната држава.

Слободната трговија и либерализацијата повеќе не можат да нѐ однесат напред, додека свртувањето кон протекционизмот само ќе ги влоши стварите. Како социјалисти, марксисти и револуционери гледаме на падот на глобализацијата само како на уште една фаза на кризата на системот како целина. Гледаме на големите добробити на светската трговија, но овој пат е веќе готов. Само на основа на преземање на власта од страна на работничката класа можеме да поставиме потворно светска трговија и светски односи на здрава основа. Ќе се подготвиме за овој огромен чекор напред.

Превод на: Катерина Илиева

Преведено од: https://www.marxist.com/is-this-the-end-of-globalisation.htm?fbclid=IwAR1Aqry7wiUY3KRLoleF9eHhXRnyK-SkrNQPPzOKd5cQV1mWwSkUfcbqdHs