Да го зачуваме Лисиче: Борбата против бетонизација продолжува

Борбата против БЕТОНИЗАЦИЈА продолжува!!!

Вчера заврши процесот на поднесување на анкетните листови, сега на потег се градоначалникот Муцунски и општината дали ќе застанат во одбрана на ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА и како до сега преку соопштенија да пробуваат да се “перат” од фактот дека поради нив и се наоѓаме во оваа ситуација ИЛИ ќе се откажат од спорниот предлог ДУП и ќе сопрат со своите намери за ТОТАЛНА БЕТОНИЗАЦИЈА НА ЛИСИЧЕ.

Ние жителите на Населба Лисиче како и соседската иницијатива ,,Да го зачуваме Лисиче” остануваме верни на нашите заложби дека во Лисиче нема место за ЗГРАДИ и за уништување на нашето спокојно живеење.

ДА КАЖЕМЕ СТОП НА ГРАДЕЖНИОТ ХАОС КОЈ ЗАЕДНО СИТЕ МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ!!!

***,,Да го зачуваме Лисиче“ е СОСЕДСКА и НАДПАРТИСКА иницијатива***

Превземено од:

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0fTK9ZZtaPaxVNF8tm5KjYZH4ET2Axw8ktpRTmE8dWJEFZgJ8t8DfkbhQg1jTMca3l&id=100091505812008
Последно