Изминатите неколку дена во полна пареа се пуштени Владата и Собранието за реализација на десетина измени во законските решенија со кои на конзорциум „Бехтел и Енка“ им се овозможуваат привилегии кои се спротивни согласно позитивно-правните норми во државата и се коссат со Уставот на Република Македонија.
На собраниската седница, во прво читање денес се наоѓаат предлог законот со кој на „Бехтел и Енка“ и се овозможува непречена и легална експлоатација на работниците, спротивна како на домашната регулатива, така и на меѓународните конвеции и декларации со кои се утврдуваат основните работнички права.
На предложените законски измени жестоко реагираше пратеникот Димитар Апасиев кој напиша:
“Денес почнува шверцератот у Собрание, со Законот за работни односи… Вековното работничко право за 8 часа работа, ќе биде укинато за македонските работници кои ќе може да работат шест дена по 10 саата, или пет дена по 12 саата на ден. СДС дали сте свеси што правите?“ – Димитар Апасиев, пратеник на политичката партија Левица