83% од граѓаните велат дека се дискриминирани по разни основи

Дури 83 отсто од граѓаните во земјава велат дека се дискриминирани по различни основи. Поголем дел од нив, односно 63 отсто, не веруваат дека институциите можат да ги решат случаите на дискриминација. Од Комисијата за борба против оваа појава се жалат дека немаат доволно вработени и пари.

„Дури 83% од анкетираните граѓани велат дека се дискриминирани по различни основи при пристапот до јавните институции. Се разбира, ова се податоци кои треба да нè мотивираат повеќе, без разлика дали тоа е Владата, Парламентот, другите институции или нас како национални институции за заштита на човековите права“, изјави Насер Зибери, народен правобранител

Превземено од: https://alsat.mk/mk/83-od-graganite-velat-deka-se-diskriminirani-po-razni-osnovi/

Последно