15.5 милиони евра ќе ги чини граѓаните зголемувањето на платите на функционерите

1.060 функционери земаат зголемена плата за 78 отсто и за таа намена до крајот на годинава од државниот буџет ќе се потрошат дополнителни 15,5 милиони евра, кажа министерот за финансии Фатмир Бесими.

Зголемувањето на функционерските плати доаѓа по мартовската одлука на Уставниот суд да укине член од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица со кој тие беа замрзнати изминатите десетина години.

На средба со новинарите, Бесими кажа дека досега платата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

„Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше, на функционерите ќе требаше да им се исплати заостанат долг за речиси 11 години со затезни камати“, рече Бесими.

За разлика од функционерите, Бесими вели дека сега не е време за зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи ќе имало импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го става на дневен ред барањето поднесено од пратениците на Левица за намалување на платите на функционерите.

Превземено од: https://sdk.mk/index.php/makedonija/nad-iljada-funktsioneri-dobivaat-zgolemena-plata-za-78-otsto-drzhavata-ja-chinat-dopolnitelni-15-5-milioni-evra-samo-godinava/?fbclid=IwAR3SBScrlptb6G4jBrOneNR6zaYG_n0K3wT6cyN_QZaaiQjHdIgK2ygROwY

Последно